Кое дете бре, тоа е лудара од Украина

Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.

Во 2010 година, Кристина Барнет и нејзиниот, сега екс-сопруг Мајкл, посвоиле 8 годишно девојче од Украина кое во САД дошло две години пред тоа.

Бидејќи во земјата стигнала без сертификат за раѓање, Кристина и Барнет ја носеле малата по доктори кои процениле дека нејзината возраст е меѓу 8 и 10 години. Меѓутоа, истовремено кај неа е дијагностицирано пореметување на коскениот раст, болест која се манифестира со џуџест раст и абнормалности во развојот на скелетот.

Инаку, Кристина Барнет е позната по случајот со нејзиниот син Џејк, опишан во нејзината биографска книга The Spark. Џејк бил дете со сериозен аутизам за кое се мислело дека никогаш нема да може да зборува или да влегува во социјални интеракции. Меѓутоа таа успева да му помогне да ги прекрши бариерите и лимитите и малиот Џејк успева да се запише на Универзитетот Пердју на 12 годишна возраст.

Случајот со нејзината ќерка не е толку хепиенд. Вели дека посвојувањето било измама и има докази од прегледи во кои се констатира дека Украинката има и заби и сексуални карактеристики на возрасна девојка која речиси една деценија ги мафтала со својата возраст. Патем, ќерката уште во 2012 завршила во психијатриска болница и почнала да признава дека е полнолетна. За време на тој болнички престој, дијагностицирана е со психопатско и социопатско пореметување.

 

26 септември 2019 - 09:04