Дорис Стафер починала во болница, на 73 годишна возраст, минувајќи ги последните години од животот во битка со Алцхајмеровата болест. Докторите рекле дека го нема тој ген, но дека можеби е мутиран па синот сакал да го дознае тоа. Бидејќи нејзиниот нејзиниот невролот не можел да го прими телото, тој го прeдава на Биолошкиот истражувачки центар во Марикопа, Аризона.
После пет години, Џим Стафер ја дознава вистината: телото на неговата мајка било продадено на американската војска и послужила за нивни експерименти. Ја врзале за столица и детонирале експлозивна направа под неа, за да испитаат што сè претрпува тело во возило кое бива погодено со зоља.
Стафер од војската поштено го добил она што останало од мајка му: 170 грама пепел.