Како ли е да си ја видиш својата ампутирана нога на кутија цигари?

Стар Албанец кој живее во Франција видел фотографија од неговата ампутирана нога како предупредувачка фотографија на опаковка од тутун. Ниту дал дозвола за користење на сликата ниту ногата ја изгубил од пушење.

60 годишниот човек сега преку својот адвокат бара од Европската комисија да му разјаснат како дошло до оваа непријатна ситуација.

Живее во Мец и син му донел тутун од Луксембург кога на тутунот, неговата ампутација и предупредување дека „пушењето ги запушува вашите вени“.

Ногата не ја има изгубено од тоа туку како последица од брутален напад во неговата родна земја во далечната 1997 година. И тој и син му веднаш препознале за што се работи поради карактеристичните изгореници и лузни од операцијата. Стариот се сомнева дека фотографијата е направена од локалната болница во која одел по мерка за протеза.

„Непријатно е човек да си ја види својата мака kako предупредување за сите луѓе од Европската Унија,“ вели адвокатот на човекот.

Европската комисија и нејзините служби обично многу внимаваат на вакви работи, да користат фотографии кои се проверени и легално употребливи. Oсвен кога не внимаваат.

 

18 јули 2019 - 15:28