Клетвата на лотаријата

"Нема да ги поебам парите!" си ветил Џим Хејс кога освоил џек-пот од 19 милиони долари.  Ја мотаме приказната напред: Џим Хејс влегува во банка и ја пљачка. Што тоа се случило во меѓувреме? Коли, курчење, дроги.

Шансата да го освои џек потот биле 1:18.009.460.

Таа една против 18 милиони шанси му донесува премија од 19 милиони долари.

Откако државата го оданочува, му остануваат 13,7 милиони.

Згора на се, ја одбира посигурната опција, наместо пари од одма, се решава на 20 годишни исплати по 684.000 долари.

Џабе.

Коли (многу!), тркање со Марио Андрети, луксузни апартмани на океан, хотели од пет ѕвезди, екстравагантни излети во Вегас. Дополнително, се разведува па пола од парите одат кај бившата . Почнува да ги троши исплатите однапред.

Се повредува. Против болки му препишуваат викодин па оксиконтин. Се навлекува на оксиконтин. По некое време сфаќа дека уличниот хероин е поевтин од Окси.

На рамењата имав еден ангел и еден ѓавол. Ангелот ми викаше: „Немој. Ќе те фатат и ќе одиш во затвор на 20 години. Ѓаволот ми викаше: „Петок е, ебен долар немаш, како ќе го поминеш викендот без дрога?“

Џим Хејс првпат пљачка банка на свои 55 години. Излегува од неа со 3.300 долари. Сфаќа дека е лесно па пљачка уште 10 пати, со вкупен улов од 40.000 долари, тотално безначајни во однос на парите кои ги имал. 

Натенане приказната ја има Дејли бист

 

1 октомври 2018 - 10:19