45 годишниот Сио Агафили требало да излезе од затвор во 2015 година но и тој, и затворските власти го превиделе фактот дека двете затворски казни за провали и кражби на кои бил осуден треба да се одлежат конкурентно (една од нив) а не кумулативно.
Едноставно, кога ја одлежал едната казна, по инерција продолжил да ја отслужува и втората иако законот во Самоа тоа не го бара.
„Никој не ми кажа дека можам да излезам а јас престанав да ги бројам деновите зад решетки. Само знаев дека треба да одлежам,“ вели Агафили кој е татко на три деца.
Грешката ја увидел судија пред кого Агафили се нашол за трето дело, учество во побуна во затворот. Побуната се случила кога тој регуларно не требал да биде таму.