Секој ден во американските амбуланти завршуваат по 12 деца помали од 5 години заради труење или изгореници од козметички производи. Едно дете на секои два часа.
Од 2012 до 2016 година се регистрирани 64.686 деца кои биле хоспитализирани поради вакво невнимание. 86% од нив биле отруени а 14% биле однесени во болница заради хемиски изгореници.
Најчесто се прави проблем со препарати за нокти па за коса па за кожа. Во повеќето случаи, дечињата голтнале некоја козметика а речиси сите случаи се случиле дома.
„Децата на таа возраст не знаат да читаат па не знаат во што гледаат. Кога ќе видат шише со шарена етикета која изгледа и мириса како нешто што им е дозволено да го јадат или пијат, земаат и го пробаат. Додека сфатат дека наместо џус голтнале отстранувач за нокти или млеко за тело наместо јогурт, веќе е доцна,“ велат истражувачите кои препорачуваат козметиката да се држи онаму каде што деца не можат да ја видат и дофатат.