Лани на 13 август Ендрју/Кло се чувствувал особено напалено па во серија правел непристојни акти на јавни места, не обѕирајќи се што неговите перформанси и егзибиционизам го гледаат и деца.
Прво се триел пред луѓе, па дигал ф'стан па извадил секс-играчка и „извел сексуален чин со себе“ па и кога стигнал дома, го лепел голиот задник на стаклената врата за да видат луѓе (попат, тоа го виделе и три деца).
Ендрју Томсон веќе бил познат сексуален престапник пред да се произнесе како трансродово лице и да го смени името. Зад себе има 17 пресуди за 22 кривични дела, меѓу нив и сексуален напад на малолетно лице.
Своевремено бил професионален војник. Ги признал делата а стратегијата на неговиот адвокат е да го убеди судот дека тој уште има проблеми да се прилагоди на новиот идентитет и дека затоа чат-пат му се случува да се заигра.