63 годишниот Џејниел Вераинер предизвикал општо негодување кога повторно се појавил на судот во Мидстоун во „навредлива комбинација“, демек e некаков виленик, во сукња и црвено-бели чорапи а на главата натакнал гумени Елфовски уши.
Во обата наврата судијата не рекол ништо и му дозволил да биде таков на рочиштето.
„Ова е исмејување на судот и целосно непочитување на судскиот процес. Судијата можел да му забележи и нему и на неговиот адвокат на неприкладното и однесување. Изненаден сум што тој не рекол ништо,“ вели Пол Скофилд, експерт за казнено право.
Вераинер е повеќекратен сексуален напасник кој претходно бил осудуван за напад на дете. Овојпат против него имало седум обвинија, меѓу кои и поседување детска порнографија, кои првично ги негирал а подоцна ја признал вината.
Осуден е на 16 месеци во судскиот процес во кој цицал палец, барал да му се обраќаат како на девојче и тврдел дека е психички на ниво на дете од три до седум години.
Меѓутоа судот слушнал дека педофилот нема никакво пореметување на менталното здравје, потешкотии со учење или повреда на мозокот. И покрај неговото инсистирање да добие дијагноза на „непораснато дете“, психијатриското вештачење заклучило дека таква здравствена состојба нема а неговото уверување „можеби е животен избор или манифестација на исклучително слаби вештини за соочување со светот“.
„Јас да се прашувам, тој би носел сино-бела облека во пруги и би имал кугла на нозе. Деновите би ги поминувал кршејќи камења покрај некој пат па би немал толку време за цицање палец,“ коментираше поранешната ториевска министерка Керолин Дајнениџ.