„Длабоко сме шокирани што во вторникот, 18 мај, и покрај стандардите за квалитет, беше ампутирана погрешна нога на 82-годишен пациент,“ се наведува во извинувањето на клиниката.
Според австриските весници, пациентот првично не ја забележал грешката заради бројните болести од кои страда. Клиниката пробува да се вади и на тоа дека тие наводно пред операција му рекле на 82-годишниот маж да потврди дека станува збор за правилната нога, но неговата способност за артикулирање била ограничена.
Грешката е направена кратко пред операцијата, кога се обележувало која нога треба да биде ампутирана.
„За несреќа грешката, во која е отстранета десната нога наместо левата, настанала како резултат на несреќни околности,“ објаснуваат од клиниката Фрајдштад.
На пациентот за кратко време му е закажана ампутација и на другата нога, како последица на болестите кои ги има.