Апликација на денот: Мртов си?

Мобилна апликација со морбидно име се искачи на врвот листите на платени на продавниците на Епл во Кина, нудејќи суров потсетник за тоа колку мрачен може да биде модерниот живот и за младите и за старите. Апликацијата го адресира раширениот страв меѓу самците дека ќе умрат, а тоа никој нема да го забележи. А такви во Кина, за некоја година ќе има 200 милиони. 

Апликацијата „Дали си мртов?“ (Sile Me на кинески), бара од корисниците секојдневно да се пријавуваат како живи со допирање на светло зелено копче со цртан дух во центарот на екранот.

Доколку корисникот не стисне два дена по ред, системот автоматски испраќа е-пошта до контактот за итни случаи кој корисникот претходно го избрал за таа намена.

Иако Силе ме беше лансирана минатата година како бесплатна апликација, таа полека се префли во платената категорија и се искачи на листите за да стане најпопуларната платена апликација во Кина во првата недела од јануари. За осум јуани (1,15 долари), апликацијата им обезбедува чувство на сигурност на милиони луѓе кои живеат осамено во земјата.

Апликацијата чие меѓународно име е „Демуму“, се искачи во топ две најдобри платени апликации за социјални сервиси и во САД, Сингапур и Хонг Конг, во голема мера благодарејќи на тамошните кинески имигранти.

Во ЕпСтор, апликацијата е опишана како „лесна алатка за безбедност“ направена за луѓе кои живеат сами, за да „воспостават невидлива безбедносна заштита и механизми за контакт во итни случаи за да го направат осамениот живот поутешен“.

 Се предвидува дека Кина до 2030 година ќе има дури 200 милиони домаќинства со само еден член.

Сè поголем број млади Кинези избираат да живеат сами наместо да стапат во брак, додека сè поголем број постари лица се оставени изолирани во своите домови без роднини во близина кои ќе се грижат за нив. 

Азискиот џин официјално ја заврши својата „политика на едно дете“ во 2016 година, но таа доведе до небалансирана популација поради културна преференција за машки деца. 

13 јануари 2026 - 16:13