Професорката од Универзитетот Сан Хозе, Елизабет Вајс, мина низ „топлиот зајак“ на будните интернет чувари на коректноста кои со гадење, шокираност и осуда ја проследија нејзината фотографија на која насмеана и со череп в рака, напишала „Многу сум среќна што повторно сум меѓу старите пријатели“ за да ја сподели радоста од враќањето во универзитетскиот кампус после пандемијата.
Дрвја и камења. Студенти, колеги, невладини и твитерџии ја обвинија за нечувствителност, неетичност и ред други работи.
„Во кој контекст може да биде етички за академски човек да ракува со човечки остатоци и притоа да се смее, нарекувајќи ги 'пријатели“, пишал администраторот на Универзитетот.
Таа па не им попушта:
„Во суштина се работи за орда разбудени активисти кои не можат да понудат никакви легитимни аргументи,“ порача Вајс која конкретно се бави со каталогизација на стари скелетни остатоци.
Бањатите кругови одамна ѝ го собираат на професорката, уште кога се спротивстави на локалниот закон за гробна репатријација по кој таквиот археолошки материјал треба да биде вратен на племињата на кои им припаѓале луѓето.
Според Вајс, религијата и чувствата не смеат да бидат над науката и да ги осакатуваат научните напори да се разбере човекот низ историјата.
Инаку, индијанскиот череп кој таа го држи насмеана не е нешто од вчера- завчера, туку од колекција остатоци кои датирааат од 2.000 години пред нашата ера. И да си знаете, неетички е да се смее човек во нивно присуство.