Кој те гледа додека гледаш?

Хакирањето заради уценување со голи фотографии е една од највознемирувачките форми на сајбер криминал. Нови алатки сега го претвораат тој релативно рачен криминал во автоматизирана функција, откривајќи кога корисникот пребарува порнографија на својот компјутер, снима што тој гледа и попат го снима и него преку неговата веб-камерата.

Се користи Stealerium, малициозен софтвер од жанрот „infostealer“.

Како и сите слични софтвери за кражба на информации, дизајниран е да го инфицира компјутерот на таргетот и автоматски да му испрати на хакерот широк спектар на чувствителни податоци, вклучувајќи банкарски информации, кориснички имиња и лозинки и клучеви за крипто паричниците на жртвите.

Stealerium додава уште една, попонижувачка форма на шпионажа. 

Го следи прелистувачот на жртвата за веб-адреси што вклучуваат одредени NSFW клучни зборови, снимки од екранот на табовите на прелистувачот што ги вклучуваат тие зборови, ја фотографира жртвата преку нејзината веб-камера додека ги гледа тие порнографски страници и потоа ги испраќа материјалите до хакерот кој потоа ја уценува жртвата дека ќе ги објави.

Компанија за сајбер безбедност го нашла малициозниот софтвер во десетина илјади меилови, испратени од две хакерски групации.

 

5 септември 2025 - 13:16