Психопатскиот профил односно алгоритам е наречен Норман, по главниот лик во филмот Психо, но неговото лудило нема никаква врска со мајка му и други аналогни трауми. Норман бил создаван, односно хранет исклучиво со злобни и гној коментари од Редит, една од најпопуларните интернет заедници.
Откако бил задоен со злобата од тој неименуван канал на Редит, вештачкиот психопат бил подвргнат на Роршах тестот, стандарден тест за психолошка евалуција.
И додека нормалниот алгоритам тие слики ги толкувал приземно, на пример „црно-бела слика од безбол ракавица“, Норман во истата слика видел „човек убиен од автоматско оружје среде бел ден.“
Еве уште неколку примери што гледа Норман:
Сега замислете како би било кога овој алгоритам кој во една обична флека гледа „човек вовлечен во машина за тесто“ би го ставиле во оние кучиња роботи на Бостон Динамикс.
Треба да се знае и дека на Норман воопшто не му биле покажувани слики од реални убиства и други грозотии. Тој тоа го научил само од описот на некои слики од тој Редит канал.
Идејата на научниците од МИТ не била да создадат зла вештачка интелигенција која ќе го уништи светот. Тие со оваа студија сакале да покажат дека вештачката интелигенција не страда инхерентно од пристрасност и предрасуди, но дека може да стане таква од податоците со кои се храни.
Со други зборови, Норман не требало да биде психопат но „природно“ станал таков хранејќи се со коментари на интернет корисници.
Па сега вие видете што читаат вашите деца.
Норман ве чека тука.