Градежните работници имаат највисоко ниво на самопријавена среќа во споредба со која било индустрија, вклучително и оние преполни со бенефиции. Заклучокот е од истражување на БамбуХР, платформата за кадрово, кое опфаќа 57.000 вработени од 1.600 компании од цел свет.
Истражувањето трае три години и за тоа време варира и среќата на работниците, меѓутоа кај градежниците константно била висока, во голем дел благодарејќи на растечките плати и бројните можности за менување работа.
Зад градежниците по редослед се вработените од технологија, финансии, непрофитни организации и услужна дејност.
Ваквото задоволство на градежниците во добар дел се должи на скокот на нивните плати, чиј просек сега е 17,7 долари на час, но знае да дојде и до 28,8 долари. Побарувачката за градежници посебно расте за време и по пандемијата кога луѓе решија дека тоа е прав момент да реновираат по дома.
Друг фактор што сериозно придонесува за среќата на градежниците е што веднаш се гледаат резултатите од сработеното.
„Кога градиш нешто, ги гледаш плодовите на твојата работа, и позитивниот придонес што твојата работа ги има кај другите. Во реално време. Има нешто допирливо и возбудливо од тешката работа што ја вршиш ден за ден,“ објаснува ЦЕО-то на консултантската компанија Деливиринг хепинес, Џен Лим.