Откако оди на боледување во 2008, Клифорд цело време ја зема истата плата од 54.000 фунти, а според здравствениот план на ИБМ тој ќе продолжи да ја зема истата плата до 65 години.
Според планот за инвалидитет, лице кое не може да работи не е отпуштено но останува вработен на ИБМ и „нема никаква обврска да работи.“ Се до пензија или предвремена смрт на ова лице ќе му се исплаќаат по 75% од платата.
Иако за ова Клифорд се има спогодено со ИБМ во 2013, тој сега решава одново да побара заштита на своите приходи, наведувајќи дека сега инфлацијата од повеќе од 10% почнала да ја „јаде“ вредноста на неговата плата.
„Целта на планот е да им даде сигурност на вработените кои не можат да работат - а тоа не се постигнува ако исплатите се вечно замрзнати,“ тврди Клифорд.
Експертската процена е дека тужбата не држи бидејќи лицето и онака не добива плата за работа, туку надомест за инвалидитет, па не може да се мери со оние кои се редовно вработени.