Популарниот ЧетГПТ е базиран на системи за машинско учење, но тие системи се водени од човечки работници, од кои многумина не се платени нималку сјајно. NBC обелодени дека OpenAI, стартапот зад ЧетГПТ, ангажира армија нископлатени луѓе за сортирање и обележување на податоци кои се користат во обуката на четботот. Тие тоа го прават за 15 долари на час, што е минималец во некои сојузни држави.
„Ние сме мануелци, но немаше да постојат напредни системи за вештачка интелигенција без нас“, вели еден работник.„Можете да дизајнирате невронски мрежи колку што ги сакате, можете да ги имате сите истражувачи што ги сакате, но без обележувачи, немате ЧетГПТ, немате ништо“.
Етикетирање (тагирање) на податоците е интегрален процес на парсирање на податоците кој им помага на автоматизираните системи подобро да идентификуваат одредени ставки во базата на податоци. Обележувачите означуваат ставки (без разлика дали се тоа различни визуелни слики или делови од текст), така што машините можат сами да научат подобро да ги идентификуваат.
Претходно, оваа функција се аутсорсираше со луѓе од Африка кои беа плаќани и по само 2 долари на час. Ниско платените аргати од Кенија помогнаа OpenAI да изгради систем за филтрација што отстранува непријатни или навредливи материјали. За да се постигне ова, тие со денови морале да гледаат вознемирувачки материјали, вклучувајќи описи на убиства, тортури, сексуални насилства и инцести.