За Захави колективниот штрајк би ја претставило Британија „поделена“кога е најпотребен обединет фронт против руската нелегална војна.
Зборувајќи за вработените кои бараат поголеми плати, кои пак Владата не помислува да ги даде, Захави порача „тие треба да размислат за ова, затоа што Путин токму тоа сака да го види - таа поделба. Ајде да не се делиме, ајде да се соединиме.“
За синдикалните лидери, користењето на војната на Русија против Украина „како оправдание за намалувањето на платите на сестрите во Британија е ново дно за оваа влада.“
Шерон Грем, генералниот секретар на синдикалното движење Јунајт, порачува:
„Уште една влада со мултимилионери министри избра да ги нападне обичните работници чиј единствен грев е што одбиваат да им бидат намалени платите. Обвинувањата на Надим Захави дека британските медицински сестри, возачи на Брза помош и наставници се сојузници на Владимир Путин се апсурдни и тоа е срамно.“
Британската влада е подготвена на штрајкувачите да им одобри зголемување од 3%. Нивните барања се најмалку 17%.