Не само што егзодусот на жители на Калифорнија полни држави како Тексас, Аризона и Вашингтон, туку добар дел почнаа да бегаат надвор од САД во соседно Мексико, чисто затоа што животот во Калифорнија им е станат прескап за раат живеење.
Што есеи и студии се напишаа дека пандемијата неповратно го промени работниот еко-систем, дека во иднина ќе се работи од дома, дека сè тоа ќе биде онлајн, зумови- мумови. Илон Маск деновиве прати два меила до вработените во Тесла: да се нацртаат на работа или да фаќаат педала.
Пред само неколку години важеше за генијалец и еден од најголемите живи научници кому му се предвидува Нобелова награда затоа што е на траг да открие лек за рак. Денес човекот не може да се вработи никаде во САД.
Во прогонот спроведен од највисокиот менаџмент на компанијата, ИБМ требал да биде исчистен од вработените на возраст над 40 години за да се отвори простор за младите „дигитално нативни“ вработени.
Повеќето од оние кои се раѓаат овие години, ќе можат да очекуваат дека ќе живеат преку 100 години. Но ако нам 40 години работа пред пензија ни се чини многу, нека му ја мислат тие со 60 години веслање.
Последните генерации од народот што стандардно го опишуваат како „машинерија“ и од кој светот со децении трепереше да не случајно му текне пак да облече чизми, изгледа како да не се произведени по исти стандарди како претходните.
На фабриките за автомобили потребни им се многу работници, ама па, не мора сите да бидат луѓе. Американската фабрика на Фолксваген во Тенеси соопшти дека покрај 4.000 луѓе, моментално ангажира и стадо од 50 овци. А и по некое магаре, за недај боже.
Една до првите одлуки на новата влада на Германија е минималната плата во земјата да ја покачи од 9,60 евра на час, на 12 евра на час (12 евра х 8 часа = 96 евра на ден, минимална плата).
Да им се обраќаш на жени како на птици е дел од „сексистички речник“, пресуди трибунал за работни односи во еден случај во кој службеничка на банката Барклис го тужи својот некогашен шеф.
Ќе ви ја пренесеме ние содржината коректно и пристојно, но краткиот одговор на прашањето од насловот е: нејќат од дома бидејќи така помалку можат да им се чаталат на оние под нив а повеќе може да се види дека всушност ништо не работат.
Заради верност, посебен успех во управувањето со Епл и кревање на вредноста на акциите, Епл му плати бонус на Тим Кук во вредност од 750.000.000 долари.
Балтиморската филхармонија ја отпушти својата прва флејтистка. Емили Скала нема утнато ниту една нота и нема пропуштено проба на оркестарот. Ама затоа пишувала постови за потеклото на коронавирусот и се сомневала во ефикасноста на вакцините.
За првпат после две децении, злоупотребата на детскиот труд е во пораст. На оваа планета има 160 милиони деца кои се присилени да работат за да преживеат.
Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно. За љубител(к)ите на приказните за привилегираните мажи, податок дека огромно мнозинство од прегорените се средновечни или постари мажи.
Ако на работа не можеш заради пандемијата а дома не сакаш од - си знаеш ти зошто, дали изнајмување кабина (која личи како тојфор) е единствената иднина на трудот црн народ?
Како нација позната по својата неподнослива пракса на пладневна сиеста, Шпанците размислуваат за следно ниво на душевадништво на својот работен народ - работна недела од 4 дена.
„Ти вредиш 182 милијарди долари... зошто правиш сè што можеш за да ги спречиш твоите работници да направат синдикат?“ запраша американскиот сенатор за време на сослушувањето на кое требаше да присуствуваат Џеф Безос и Елон Маск.
Тоа што луѓе обично го толкуваат како „фирма со многу програмери“ всушност е конголмерат со 120.000 вработени (Велес и Струмица заедно имаат околу 110.000 жители). За прв пат овие 120.000 вработени се на пат да имаат синдикат.
Мнозинството од речиси 2.000 работници кои ја завршуваат ноќната смена во фабриката на Вистрон за производство на Ајфон во Нарсапура, на излегување почнаа да кршат низ канцелариите и погоните, а дел од нив палат и службени возила. За сега штетата се проценува на 7 милиони долари.
Еден од најдолговечните и најиздржливи аргументи про-миграција во САД, е дека Американецот никогаш повеќе нема да се врати на нива и да собира јагоди или кромид. За да не заборават од каде доаѓа храната на нивните трпези, организацијата на Обединети земјоделски работници изработи серија „честитки“ за Американците за Денот на благодарноста, во кои ги потсетува на луѓето што ги имаат заборавено.
Додека давале бонуси за оние што секој ден ќе се појават на работа, со што ги мотивирале вработените да доаѓаат и болни, менаџерите во една месарска компанија во Арканзас приватно ставале пари на опклада колку работници ќе бидат закачени од ковид.