Германец пред некое време побара отштета од работодавецот затоа што се лизнал и се повредил дур одел кон работа.
Работел од дома.
Се лизнал симнувајќи се од спална соба до бирото кое му било на долниот спрат, и притоа го повредил грбот.
Судот одлучил дека ова се смета за повреда на работно место бидејќи технички патувал до работа.
Клучно во случајот е што тој прво појадувал па потоа седнал на биро, доколку случајно прво седнал па потоа станал по појадок, осигурувањето не му важи затоа што осигурувањето „го опфаќа само првото одење на работа“.
Двата пониски суда првично не се согласувале дека краткото одење од кревет до биро се смета за „патување до работа“, меѓутоа федералниот суд одлучил дека „првото утринско патување од кревет до домашната канцеларија е осигурена рута до работа.“
„Ако осигурена активност се изведува во домаќинството на осигурената личност или на друга локација, таа добива исто покритие од осигурувањето како и кога активноста е спроведена во просториите на компанијата,“ порачал германскиот федерален суд.