Маск укина работење од дома

Што есеи и студии се напишаа дека пандемијата неповратно го промени работниот еко-систем, дека во иднина ќе се работи од дома, дека сè тоа ќе биде онлајн, зумови- мумови. Илон Маск деновиве прати два меила до вработените во Тесла: да се нацртаат на работа или да фаќаат педала.

Секој кој сака да работи далечински, мора да биде во канцеларија минимум (сериозно мислам минимум) 40 часа во неделата. Или да ја напушти Тесла. Тоа е помалку отколку што бараме од работниците во фабриките.

Ако постојат особено корисни вработени за кои ова ќе биде невозможно, јас директно ќе ги разгледувам и одобрувам таквите случаи.

За да биде јасно, „канцеларија“ значи главната канцеларија, не некоја оддалечена филијала која нема врска со рабоотните обврски, на пример да се биде одговорен за HR во фабриката во Вермонт, а да се има канцеларија во некоја друга сојузна држава.

Да бидам супер- јасен:

Канцеларија е онаму каде што ти работат колегите, не некој оддалечена псевдо канцеларија. Ако не се појавите, ќе сметаме дека сте дале отказ.

Колку повисока позиција имате, толку вашето присуство треба да биде повидливо. Затоа јас толку долго живеев во фабрика. Да ме видат работниците дека работам барабар со нив. Да не го правев тоа, Тесла одамна ќе беше банкротирана.

Се разбира, постојат компании кои не го бараат тоа, но кога некојатаква извадила некој врвен производ? Не скоро.

Тесла произведувала и ќе произведува некои од највозбудливите производи отколку која било друга компанија во светот. Тоа не се прави со вртење телефони.

Благодарам,
Илон 

***********

 

 

2 јуни 2022 - 09:06