„На никого не му е гајле за трошоците што се прават а менталното здравје е над сè“, сведочеше еден сениор инженер во Твитер пред добата на Маск.
Тој работел само по 4 часа неделно а можело да се земат слободни денови колку се сака. Луѓе земале и по неколку месеци, пренесовме во статијата Твитер да ти бил најдобриот комунизам што некогаш постоел.
Сето тоа е дел од проблемите со кои се соочува новиот сопственик. Во обид да ги консолидира финансиите на компанијата за која плати 44 милијарди долари, Илон Маск реши да прави сериозни кратења во трошоците.
Се затвораат дата центри, се укинуваат ренти, кирии и сервиси и Маск ги тера своите или да ги репреговараат условите или да ги откажат таквите услуги. Компанијата престанала да плаќа кирија заа канцелариите во Сиетл па се очекува наскоро да ги бркаат од таму.
Дел од драстичните примери е што укинал и обезбедување и хигиеничарски служби па во некои случаи вработените мора сами да носат толаетна хартија на работа.
А некогаш беше вака: