Традиционалните заштитни шлемови со тврда школка и внатрешен систем за прицврстување и амортизација, ефикасно ја штитат главата од директен удар, на пример кога ќе ти падне чекан од колегата кој работи еден спрат погоре.
Но, тие ја немаат истата ефикасност кога се работи за удари под агол кои предизвикуваат ротациони сили, истите 0оние сили поради кои боксер оди во нокаут кога ќе му се влепи силен удар од страна по кој главата сака да му се отштрафи.
Мозокот е како жолчката во јајцето. Силни тресења можат да ја пукнат жолчката иако лушпата останува цела.
Овој проблем го решиле двајца дизајнери инспирирани од начинот на кој песочна почва апсорбира ротациони сили кај безбол топка која ќе падне под агол.
Нивното решение се пластични внатрешност на шлемот во облик на саќе која функционира како песок и ги ублажува ротационите сили.