Според договорот Германија би требала да прими повеќе професионални, обучени и полуобучени Кенијци, а за тоа Најроби бара олеснување на правилата за миграција што Берлин ги има кон африканста држава.
Договорено е и да се направи рамка за подобро поврзување меѓу кениските технички колеџи и занаетчиски школи со нивни колеги од Германија, како би се поттикнала миграцијата на работници, а во исто време во Кенија да се започне со учење германски јазик во основното образование.
Процените се дека минатата година во Германија се влезени околу 1 милион мигранти, а деновиве 16 германски сојузни држави побараа од Шолц да го намали бројот на мигранти што влегуваат во земјата.