Пазете на ова ако ви понудат кафе на интервју за работа

На интернет ќе најдете мал милион совети за двете страни на едно вработување: и за оние кои бараат работа и за оние кои го спроведуваат процесот и треба да ги елиминираат несоодветните кандидати. Ова е еден од поглупите и ние, искрено, не би го минале тестот. Со големо задоволство.

Еден компаниски шеф и неговата стратегија за тоа кого од кандидатите ќе елиминира станаа вирална тема за интернет муабети при што едни наоѓаат разбирање за неговиот метод на елиминација а други тврдат дека е тоа манипулативна техника па дури и симптом за „токсична работна атмосфера“ (ах, што ги мразиме овие разбудени фрази).

Методот (е глуп) и се вика „тест со шољата за кафе“.

Кога ќе дошол кандидат за работа, тој обично прво го носел во кујна да си земе пијачка (кафе, чај, вода) па се враќале во канцеларија за да го одработат интервјуто. Е, ама после интервјуто, ако овој не ја вратил шољата во кујна од кајшто ја земал, шефов го елиминирал од конкурсот.

„Можете да имате вештини, да стекнете знаење и да развивате искуства, но сè се сведува на тоа дали го имате вистинскиот став,“ вели елиминаторот.

Луѓе викаат дека за нив веднаш би било сомнително кога нивниот иден работодавец со нив би си поигрувал со вакви трикчиња. Сакаат луѓе отворено да им се каже што се очекува од нив а не да се очекува да им ги читаат мислите на шефовите.

Еден (нормален) забележа дека е глупо да нудиш да си ја миеш шоњата онаму каде што си гостин.

 

14 септември 2023 - 11:29