Лошата рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот (во корист на работата) може да го отежни одржувањето на тежината, вели една студија која сугерира дека луѓето кои работат подолго време имаат поголема веројатност да бидат дебели.
Повеќе време поминато на биро на работа не значи само помалку време за физичка активност. Долгото, продолжено работно време може да придонесе и за јадење поврзано со стрес и покачени нивоа на кортизол - и двете поврзани со зголемување на телесната тежина, објаснуваат истражувачите.
„Кога луѓето имаат поизбалансиран живот, тие имаат поквалитен живот“, порачува професорка од Универзитетот во Квинсленд, Австралија.
Оваа меѓународна студија презентирана на овогодинешниот Европски конгрес за дебелина во Истанбул ги спореди работните обрасци и преваленцата на дебелина во 33 земји, од 1990 до 2022 година.
Земји во кои постои подолго работно врме (на пример САД, Мексико и Колумбија), имаат и повисоки стапки на дебелина. За жал, во обратна насока не функционира така мазно: намалувањето на годишното работно време за 1 процент е поврзано со намалување од 0,16 проценти на стапките на дебелина.
Повисоките приходи се поврзани со пониски стапки на дебелина: при зголемувањето на БДП по глава на жител од 1 процент, дебелината се намалува за 0,112 проценти.
Од пред 4 години, САД пријавуваат највисока стапка на дебелина кај возрасните од 41,99 проценти, додека Јапонија е со најнинска од 5,54 проценти.
Велика Британија има една од најлошо распоредените стапки на дебелина во Европа. Околу 3,8 милиони деца на возраст меѓу пет и 19 години имаат висок индекс на телесна маса, што е околу двојно повеќе од бројот на деца кои се со прекумерна тежина или се дебели во Франција и Италија.