Што па на 633 ви текна? 632 малку беа?

Јапонски локални власти отпуштаат еден свој вработен како дисциплинска казна откако овој 633 пати излегол од работа за да оди во блиската теретана и базен.

Се работи за 55-годишен супервизор, кој почнал со одење во локалниот фитнес клуб во април 2021. Човекот не одел за да направи тело или за кондиција, туку за истегнување заради проблеми со рацете. По истегнувањето следувало и одење во топол базен како дополнителна терапија за рацете.

Кога шефовите го соочуваат со бројките, тој признава дека згрешил и дека жали за тоа.

Во овие 633 пати, човекот има избегнато вкупно 658 часови работа, кои врз основа на неговата плата го чинат градот 1,76 милиони јени (10.880 евра), кои градските власти побарале од него да ги плати.

Освен отпуштениот, укор добиле и четворица негови претпоставени кои цело ова време го дозволиле или не го санкционирале одењето на вежбање.

 

15 јануари 2025 - 11:02