
Бројките за присутност на вработените ги потврдуваат и статистиките за недвижностите на американската влада според кои стапката на исполнетост на владините згради е некаде околу 12%.
Извештајот е стигнат и до Маск, кој се очекува да биде раководител на новиот Оддел за владина ефикасност, кој на Икс пишува дека:
„Ако се исклучи обезбедувањето и персоналот за одржување, бројот на државни работници кои лично се појавуваат на работа и одработуваат 40 часа неделно е поблиску до 1%!“
Во истата анализа стои и дека лизингот и одржување на владините згради го чини американскиот буџет околу 15,7 милијарди долари годишно.
Предлогот што доаѓа од извештајот е федералните работни позиции да се рашират низ целата држава, а на агенциите и другите органи да им се воведе „користи или го губиш“ метод за сите објекти кои не се доволно исполнети со вработени.