Милијардер до работниците: Пензионирање на 65 години е луда идеја

Во ера кога пензионирањето изгледа како хоризонт кој сè повеќе се оддалечува, извршниот директор на една од најмоќните компании во светот, БлекРок, има пасив-агресив порака до работниците. Лари Финк вика: Никој не треба да биде принудуван да работи повеќе отколку што сака, но, лудо е да се пензионирате на 65 години.

Извршниот на БлекРок тврди дека треба да се ресетираме како размислуваме за пензионирањето и да го преиспитаме традиционалното заминување во пензија на 65 години.

Финк (тежок 1,3 милијарди долари) вели дека преголем е расчекорот меѓу тоа кога е воведена таа старосна граница и променетите услови во кои се живее.

Тој ги потсетува вработените дека идејата за пензионирање на 65 потекнува уште од времињата на Отоманската империја и е во конфликт со новите реалности.

Луѓето денес живеат подолго од тогаш што за Финк е „прекрасна работа“, но фактите за долговечноста го напнуваат пензискиот систем кој не е дизајниран да се користи толку долго.

Тој предвидува дека американскиот пензиски фонд следната деценија ќе остане без пари кога ќе мора да се потпира само на давачките од плати кои покриваат само околу 79% од ветените бенефиции за заслужените граѓани.

Бумерите со децении ги полнеа фондовите, помагајќи да се направата вишоци, но сега, кога милиони од нив масовно заминуваат во пензија, резервите се тенчат кон критични нивоа а на миленијалците и на оние од генерацијата З никој не може да им предвиди како тоа ќе изгледа кога ќе дојде нивното време.

26 јануари 2025 - 10:54