Во англискиот има разлика помеѓу vent и complain. Првото означува да си олесниш на душата со тоа што некому ќе му се пожалиш (читај: ќе му кукаш), а второто има конкретна цел - нешто или некого да поправи.
Колку и да е бесцелно секојдневното мрчење и кукање и оплакување на својот живот и околина, на тоа може да се гледа и како на ритуал кој ги зближува луѓето. Праксата нè советува да бегаме од такви, теориски звучи сосема пристојно.
Не дека сакаме дополнително да го комплицираме нашиот национален идентитет, ама има нешто англиско во нас: дали било претопло или престудено, пресуво или превлажно, и Македонците и Англичаните обожаваат да кукаат за времето.