Полицијата на Портланд објави дека освен камења, учесниците на про-работничките и анти-Трамп протести почнале да фрлаат и Пепси кон полицијата. Од плотунот Пепси лименки настрадал еден од болничарите што го следел протестот.
Кратко по ова, укината е дозволата за протест и полицијата започнала со негово растурање. Од полицијата соопштуваат дека дозволата е повлечена "заради голем број инциденти со фрлени проекти, запаливи предмети и останати небезбедни услови".
Уапсени се тројца демонстранти.
На почетокот од протестите полицијата игнорираше неколку демонстранти кои се обидоа да ја повторат рекламата со Кендал.
Освен ова со лименките и повредениот болничар, демонстрантите запалиле и едно полициско возило, искршиле прозори и сопственост, и подметнале оган на улиците на Портланд.