Таг: старост

Зошто треба да е дозволено да си ја промениш годината на раѓање?

Да речеме дека сте веќе средовечни, па дури и - според стереотипното сфаќање - стари. Но истовремено сте во подобра кондиција од вашите врсници, па оттаму се чувствувате и се идентификувате како помлади од вашата официјална возраст. Затоа, кога ќе видите оглас „Бараме девојче за работа“ се чувствувате дискриминирани. Дали треба да ви биде дозволено да ги промените документите за возраста во нив да одговара на вашето внатрешно чувство?

Фотографот кој ги визуелизира различните верзии на својата смрт

Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.

Не живее убавиот туку упорниот

Упорноста и тврдоглавоста можеби е една од клучните особини за долг живот, покажала студија на психолошките карактери на група стари Италијанци. Таквите луѓе малку се секираат што другите мислат за нив.

Јапонците умираат сами

Македонската мрза не чини ама и тоа јапонската опседнатост со работа има своја опачина. Откако се изнаработиле за доброто на својата компанија и татковина, старите Јапонци тераат старост во која нема кој да провери ни дали се живи. 4.000 стари луѓе умираат секоја недела, сами, најсами во свет. Ни деца, ни пријатели, ни куче, ни маче.

Пензионерски субвенции на јапонски начин

Бетер од кај нас. На стари лица кои сè уште возат автомобил им даваат попусти за погребување ако доброволно ги предадат возачките дозволи.

Можеме да тераме до 115 години

Иако со децении расте долговечноста на човекот, проценките велат дека плафонот на нашиот рок на траење е некаде на 115 години. За после тоа ќе ни треба некое ново (научно) чаре.

Зошто има толку малку филмски секс со актери над 60 години?

Дали навистина повозрасните немаат желба и потреба за секс, или филмаџиите едноставно го прескокнуваат овој момент, само затоа што не е убав „за око"?

Дали побрзо старееш ако слушаш песни за стареење?

Текстов беше непосреден повод да провериме како стојат работите во нашиот плеер. Резултат: во него има три преработки на песна со наслов „Кога бев млад", и исто толку од „За добрите стари времињa“. Вака-така, пак добро изгледаме ко за менталните години.

Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Екстравагантни години

Oвој петок во Загреб се отвори третиот меѓународен уметнички фестивал „Екстравагантни тела", кој ги анализира начините на кои општеството ги одредува границите на нормалното и патолошкото. Темата оваа година е третото доба, попознато и како старост.

Ќефот на стареењето

"Животот е курва, затоа се броени саатите" - вака би можел да гласи зен заклучокот на луѓето кои минуваат низ кризата на средните години. Треба да се старее споро, вели Милош Васиќ, сè додека не треснеме затоа што падобранот не се отворил. А зошто не се отворил? Затоа што го нема.

Староста е новата младост

Заборавете го сексот и дрогата - ако на своите почетоци рокенролот ја славеше младоста, со сите нејзини предизвици, сега, како што стареат неговите херои, тој почнува да се занимава со поинакви теми.