Тврдоглавоста, позитивниот став кон животот и проблемите како и одговорноста кон работата можеби се клуч за подолг живот сугерира една научна студија.
Нивното испитување на физичкото и ментално здравје на групас Италијанци на возраст од 90 до 101 година покажала дека тие имаат доста заеднички психолошки особености.
Истата покажала дека овие ветерани во добар дел случаи паметот и здравјето ги држи подобро од нивните помлади членови на семејството.
Настрана ведриот став кон животот, посветеноста на работата, силните врски со семејството и пријателите и другите фактори за долговечност чии предности се чинат интуитивно разбирливи, се претпоставува дека тврдоглавоста е дел од тој пакет бидејќи таков човек многу помалку се секира што другите мислат за него.