Јапонските служби на разни начини се обидуваат да ги охрабрат постарите лица да се откажат од возење автомобил. Мерки се преземаат по загрижувачкиот пораст на сообраќајни несреќи предизвикани од јапонските ветерани зад воланите, најчесто заради причини стандардни за возраста (1. Не го видов! 2. Кај се пика? 3. Излезе од никаде!).
Во 2015 во земјата имало 4.8 милиони возачи постари од 75 години што е двојно повеќе од пред две децении а е во согласност со општиот демографски тренд за кој пишувавме во статијата „Еј, старости, старости, јапонско оружје“.
Последната иницијатива за попусти околу погреб е покрената во централната префектура Аичи која во соработка со компанија која држи 89 гробишта им нуди 15% попуст на сите стари кои ќе ги предадат своите дозволи за убивање (тн. возачки дозволи) во најблиската полициска станица. Попустот може да се пренесе и на други лица од семејството, во зависност од природниот тек на настаните.
Во некои други делови пензионерите добиваат попусти на такси услуги ако се откажат од возење а во истава оваа префектура сè уште е важечка понудата за предадена возачка да се добие ресторански попуст за тоа нивното фиде.