Наскоро почнува нова Лига на шампиони во нов формат, Вардар пак ќе полни сали

Ракометната Лига на шампиони кај дамите започнува утре, на 10-ти септември, а мажите почнуваат на 9-ти септември кога ќе свирне свирчето за старт на новата сезона. Во нов формат.

Најдоброто европско клупско натпреварување сезонава ќе се игра во нов формат. Ракометната Лига на шампиони 2026/2027 ќе биде проширена на 24 клуба - осум повеќе од досегашниот систем. Според новиот формат: ќе има шест групи со по четири екипи (вкупно 24 екипи), а првите две од секоја група ќе одат директно во главната фаза.

Останатите 12 тима ќе ја продолжат европската сезона во баражот од ЕХФ Европската лига. По главната рунда, оние кои ќе завршат петтопласирани во новите групи (главната фаза) во Лига на шампиони, ќе се приклучат во главната фаза од Топ16 во Европска лига.

Standings provided by Sofascore

Шампионската титула ќе ја брани Барселона која ќе оди по рекорден 13-ти пехар во Лига на шампиони.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани на 34 телевизиски канали и на платформата ЕХФ ТВ.

Мажите повторно Фајнал Форот ќе го играат во Келн, во „Ланксес Арената“ на 12-ти и 13-ти јуни 2027. Жените пак Фајнал Фор ќе имаат порано, на 29-ти и 30-ти мај во модерниот „МВМ Дом“ во Будимпешта.

КАЈ ДАМИТЕ ОСТАНУВА ИСТО КАКО ДОСЕГА

И покрај тоа што форматот е сменет и има повеќе клубови, вкупниот број натпревари во машката Лига на шампиони останува ист - 132 како и досега.

Кај дамите кој ќе играат во досегашниот формат од 16 екипи поделени во две групи по 8 клуба. Француски Мец ја брани титулата, првата историска во клупската историја освоена минатата сезона. Со Мец во група во женската ЛШ ќе биде и доскорешниот хегемон во женскиот ракомет, унгарски Ѓер.

4 септември 2026 - 12:41