Ракомет

Душебаев шоу со цепелин и проектил

Актуелниот европски првак Франција направи чекор назад во битката за полуфиналето на ЕП, откако загуби од елиминираната Шпанија со 36-32. Издвојуваме две мајстории на Алекс Душебаев.

Дефиниција за совршен удар од крило

Данска е неприкосновена светска сила во ракомет и најсериозен кандидат за златото. Не пренесоа бодови во втора фаза поради поразот од Португалија, ама ги совладаа Франција, Шпанија, а синоќа и Германија и работите си дојдоа на свое место. Веќе се полуфиналисти, уште пред скандинавското дерби со Норвешка.

Неверојатната Данска ја сомле Германија и оди во полуфинале

Полетната и млада репрезентација на Германија успеа да и парира на велесилата Данска само во првиот дел. Во вторите 30 минути Питлик и Гидсел заедно искомбинираа дури 15 гола во мрежата на Германците за триумф 31:26 и ставија печат на картата за полуфинале.

Топ 5 одбрани на колото, Волф октопод

Жестоко стана во втората групна фаза на Европското ракометно првенство, каде скоро сите селекции се во игра за нокаут фаза. Голманите имаат врвни одбрани. Погледнете го Андреас Волф до каде ја крена ногата.

Вонсериската партија на Волф кој експлодираше со 22 одбрани

По триумфот над Португалија, Германија славеше со пресврт во вториот дел над Норвешка со 30-28 и со 6 бода е прва на табела со големи шанси за полуфинале. Андреас Волф го заврши мечот со неверојатни 22 интервенции или 44% успешност. 

Спектаклот меѓу Данска и Франција во 3 минути, Гидсел со ролинг го реши мечот

Уште на првиот меч од втората фаза, мераклиите за врвен ракомет имаа привилегија да ги видат на дело актуелниот светски против актуелниот европски првак. Победи светскиот, Данска со 32:29. Ви го препорачуваме цел хајлајтс. Ова е дечки друго ниво на ракомет. Атомски, без здив. Обрнете внимание како Гидсел ги отпиша на 1 минута до крај. На својот начин, со ролинг, како да е најлесната работа во свет. Потоа фрлете и око на групата. Хаос е.

Ја имаме одбраната на првенството и тоа со шпага против Гидсел

Данска и Франција одиграа мега битка која ја доби домаќинот со 32:29. Погледнете ја вртелешката на Гидсел и одговорот на Чарлс Болзингер. За сега, ова е најјаката одбрана на Европското. Многу јак клип.

Како Шпанија го прокоцка финишот со 6 на 4?

Втората фаза го разгоре Европското во ракомет во групата 1, каде се наоѓаат главните претенденти за медалите. Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34 после драмолетка во финишот. Шпанците со два играчи повеќе испуштија напад за реми на неверојатен начин. Последната акција беше решена со ВАР. Погледнете ја херојската одбрана на Педерсон, кој го заврши мечот со 11 гола.

Какво голчиште беше ова на Хансен

Ракометот ретко, многу ретко ни носи погодоци од слободен удар и тие се привилегија за гледање. Данска против Норвешка, квалификации за Олимписки игри 2016. Бомба на еден од најсилните бекови во светот кој ја заврши кариерата како европски, двократен олимписки и трикратен светски првак.

ЕХФ: Марко Митев ли е ова или Лук Стеинс?

Средниот бек на Алкалоид отпатува на Европското после тешка повреда, но даде сè од себе за да им помогне на соиграчите и одигра солидно првенство. Погледнете му го влезов како шило. ЕХФ го спореди со луцидниот Холанѓанец кој го носи дресот на ПСЖ.

Мајсторскиот гол на Португалците со кој го срушија светскиот првак

Данското чудо кое се викаше победа од +19, за Македонија да оди во втора фаза, не само што не се случи, туку Данците беа шокирани од Португалија со 29:31. Гидсел даде 8 гола, а кај Португалците браќата Кико и Мартим Коста блеснаа со по 9 гола. Од групата Б понатаму одат Португалија 5 (пренесува два бода) и Данска 4 (не пренесува бодови). Македонија заврши трета со 3 бода, а Романија остана на 0. Погледнете го потегов на Антонио Араја, кој ја отпиша Данска на една минута до крај.

Нов Хичкок финиш во Хернинг, Македонија овој пат слави победа

Македонската ракометна репрезентација ни пререди нова драма во 3. коло на Европското ракометно првенство. Совладата е Романија со голот на Ненад Костески со звукот на сирената.

Огромната фан зона во Хернинг

Данска е ракометна нација. Двократен олимписки и четирикратен светски првак и тоа во низа, кој ја брка третата европска титула. Последен пат славеа на Европско во Србија 2012. Имаат фан зона за пример.

Раул пак на македонски им даваше совети на Србите

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, на Европското во Данска, Норвешка и Канада тајм-аутите ги држи на македонски. Тоа го правеше против Германија, а синоќа пак и на мечот протв Австрија.

Страшниот Кузмановски е на вечната листа рекордери на Европски првенства

Партијата која капитенот на македонската ракометна репрезентација ја пружи против Португалија ќе остане запишана во ракометните учебници. Дури ни неговиот учител Кире Лазаров чиј рекорд од 15 постигнати голови на едно големо натпреварување го израмни, немал таков процент на прецизност како „Фитиљ“.

Драмолетката меѓу Македонија и Португалија спакувана во 3 минути

Уште не држи еуфоријата од вчера. Адреналинот пукаше до полноќ. Да потсетиме, 60 минути им одигравме машки на селекција која на прошлото Светско стигна до полуфинале, а на ова цели на медал. Па уште им се вративме од -5 и испуштивме топка од раце за напад за победа. Многу храбар настап на момците на Кире Лазаров кои извадија јуначко реми. Уживајте во пресекот од возбудливата битка.

Лазаров: „Право мало чудо за нас и за целиот ракомет“

Селекторот на Македонија Кире Лазаров беше исклучително расположен после неверојатната драма од која неговите момци јуначки извадија реми против полуфиналистот од последното Светско првенство 29-29.

Феноменалните одбрани на Мартин Томовски!

Македонскиот голман влегуваше од клупата и блесна во полн сјај, особено во финишот кога запиша 3 врвни одбрани, сите три од чисти и изгледни ситуации за Португалците. На 30-ина секунди до крајот при нерешен резултат 29-29 Томовски одбрани зицер од крило и на Македонија ѝ донесе злато вредно реми после негатива од -5.

Бомбата на Марко Митев за еуфорија

Македонската ракометна репрезентација одигра историски натпревар, вечерва во данскиот град Хернинг и јуначки се врати од негатива од -5 гола, стигна до реми и остана жива во борбата за следна рунда. Марко Митев во првиот дел постигна гол после прав топ.

Неверојатен натпревар: Македонија до храбро и витешко реми со Португалија!

Во натпревар од 2. коло од групата Б, Македонија вечерва одигра нерешено 29:29 (13-15) со четвртата светска репрезентација на ранг-листата, Португалија после екстремно храбра борба на двете страни од теренот. Филип Кузмановски направи чудо со 15 постигнати голови! Томовски бранеше во транс.

Украина израмни негативен рекорд кој досега го држеше Македонија

Светската ракометна велесила Франција постави нов и израмни друг рекорд на Европското првенство 2026. Триколорите во дуел од 2. коло од група Ц ја развалија Украина 46-26. Ова е најголем број постигнати голови на една селекција во историјата на Европските првенства.

Селекторот на Германија со неверојатна грешка за тајм-аут

Србија после невидена драма ја совлада светската ракометна велесила Германија 30:27, а по многумина еден детаљ го реши дуелот. Имено селекторот на Германија Алфред Гисласон во самиот финиш при водство на Србија 26-25, кога неговиот тим имаше напад и постигна гол, повика секунда претходно тајм-аут после што голот беше оправдано поништен.

Маестралниот гол во финишот за триумф на Србија над Германија

Репрезентацијата на Србија го направи најголемото изненадување на Европското првенство 2026 откако убедливо после голем пресврт ја совлада силната Германија. Србија имаше -4 заостаток на полувреме (13-17), а на крајот славеше 30-27.