Цепелинот во режија на Кастратовиќ - Будимир по кој еруптираше вулканот Кале

Историјата за македонскиот ракомет беше испишана на 19 мај 2002. Денот кога Македонија доби европски првак во името на Кометал Ѓорче Петров. Во реваншот падна Херц Ференцварош со 26-22, после поразот таму од два гола разлика. Крцаше легендарната Кале, но и плоштадот во Скопје. Точка на мечот стави Андријана Будимир на незаборавен начин, со цепелин на асистенција на Индира Кастратовиќ. Да се потсетиме на финишот од легендарното финале. Зоки заборави да земе воздух.

Неповторливата херојска банда беше составена од: Дину, Калиниченко, Кастратовиќ, Платон, Велкова, Бујанова, Чупиќ, Будимир, Кисељова, Андрушенко, Нацева, Малахова, Пласницкаја, Боева и Златановска.

Се собраа за 20 годишнината