Химните „Кометал шампионе“ и „Стара добра времена“ одекнаа повторно меѓу ракометарките, точно на денот за да се одбележи големиот големиот јубилеј од европската титула која го крена Скопје на нозе.
Предводени од тогашниот спонзор Трифун Костовски и претседателот Иван Бојков, екипата се собра и се потсети на историскиот датум кој остави голем белег во македонскиот спорт.
На забавата можат да се забележат и тренерот Владимир Радиќ, како и Андријана Будимир, Гордана Нацева, Милена Велкова, Анжела Платон, Наталија Тодоровска, Мирјана Чупиќ...Некои и беа отсутни од тој шампионски состав.
Меѓу другото, Костовски и Бојков како потписници ги оставија во аманет трофеите на актуелниот ракометен клуб Ѓорче Петров, кои добија голема обврска да ја продолжат традицијата на Кометал.
Витрината брои 17 првенствени титули, 16 во Купот и еден во Лигата на шампионите.
Фотографии и изјави од настанот кај колегите од 24 ракомет.
Будимир: Во Кале игравме на нула степени и имавме соблекувална од 10м2 со еден туш