Титулата од Битола се сели во Скопје, откако Вардар го декласираше Еурофарм Пелистер со 34-19 со што и математички е шампион. Комити не го забораваат славјето на Филип Кузмановски, кога лани ова време се пентареше среде Јане Сандански, за да слави титулата со своите навивачи, па направија пародија од тоа.