Таг: филип кузмановски

Син картон во Суперкупот за Кузмановски

Алкалоид како победник на Купот на Македонија го совлада шампионот Еурофарм Пелистер со 33:30 во финалето од Суперкупот и го смести вториот трофеј во својата витрина. Филип Кузмановски после црвен доби и син картон, инаку воведен пред 9 години. Освен исклучување, тоа значи дека ќе добие и дополнителна суспензија поради груб прекршок.

Кам бек на Кузмановски во Битола со цепелин по 30 секунди игра

Мотивацијата да игра во родната Битола, каде ги почна првите ракометни чекори, на Филип Кузмановски му се забележи уште во првата минута и првата акција на мечот кој го отвори со гол кој се најде и во изборот на ЕХФ. Фитиљ се врати во македонскиот ракомет после четири години минати во Германија каде играше за Магдебург, Хановер и Вецлар.

Го видовте ли проектилот на Фитиљ од 10 метри?

Младите избраници на Лазаров синоќа го подобрија малку впечатокот после она сивило на Светското, кое беше мачно за гледање. На моменти се носеа добро со фаворитот Португалија, а на средина од вториот дел се изборија и за пресврт, кој го запечати Кузмановски со бомба.

Фитиљ решеташе за Хановер и му донесе триумф во последен напад

Филип Кузмановски одигра блескав меч во 32. коло од Бундеслигата во кое Хановер го совлада Ерланген со 28:27. Македонскиот репрезентативец постигна 6 гола, а на околу 20 секунди до крај украде топка и од половина терен стрелаше за победа.

Најјаките два гола во режија на Тале и Фитиљ

Филип Талески со 6 и Филип Кузмановски со 8 беа двајцата најефикасни стрелци во победата на Македонија, вредна пласман на Светско. Мрква немаше лек за вртенката на Тале или вртимушка како што ја кажа коментаторот, како и за влезот на Фитиљ кој се проби како шило и се крена на шут од 10 метри.

Кузмановски со цепелин го замолкна Берлин на 5 секунди до крај

Во пресрет на бараж двомечот со Чешка (13 и 17 април), радува формата на Филип Кузмановски кој со 7 гола од 8 обиди, беше еден од најдобрите ракометарите на Хановер викендов. Фитиљ со атрактивен гол во последниот напад му донесе голем на својот тим на гостувањето против Фуксе Берлин.

Кузмановски: Првиот тренер ме будеше во 6 сабајле за да тренирам во парк и на секое дрво да правам финта

„Морам да потенцирам дека ако не беше Лино Червар, јас немаше да се занимавам со спорт или да бидам ракометен професионалец. Тој ми беше тренер, но и втор татко“.

Лажното додавање на Столе и атракцијата на Филип

Од мечот на Македонија против Финска, која се мачеше и 45 минути играше блед ракомет, се најде и нешто убаво за око. Тоа е решението на Стоилов кој ги измами домаќините и наместо на Лазаров, му ја даде на Кузмановски, а овој даде атрактивен и тежок гол во паѓање.

Што е бе со фломастеров на дрес?

Македонската ракометна репрезентација го игра првиот бараж меч од двобојот против Романија за влез на СП 2019. На терен гледаме една чудна ситуација. Немања Прибак и Филип Кузмановски немаат испачатени бројки на дресовите. Снемало жолта боја или ги утнале на пријавување па морале да ги корегираат на лице место? Не ни текнува трето.