Браво за Фитиљ, купил 40 карти за македонски навивачи

Прекрасен гест на Филип Кузмановски во очи на 3. коло на Светското ракометно првенство.

Освен што се наметна како лидер и е прв стрелец во нашиот табор, Кузмановски покажа голема великодушност на Мундијалот.

Пред мечот со Гвинеја купил 40 карти за македонски навивачи, за да може во живо да го бодрат нашиот национален тим.

Македонија ја оправда фаворитската улога против африканскиот претставник кој го совлада со 29:20, а ракометарот на Еурофарм Пелистер повторно блесна со најголем број на голови.

На првиот дуел против Унгарија постигна 10 гола, против Холандија 9 и синоќа 12, кои во моментов го прават прв стрелец на Светското со 31 погодок.

На второто место на листата на стрелци е Тен Фелде од Холандија со 30 гола, а третопласиран е Германецот Усчинс со 24 погодоци.

Фитиљ беше прогласен за играч на натпреварот и на мечот против Холандија и против Гвинеја.

Во втората фаза на Мундијалот, Македонија се среќава со Австрија, Катар и Франција. 

20 јануари 2025 - 08:31