Кузмановски: Ова е награда за сите наши настапи, изгинавме еден за друг

Фитиљ е во животна форма и игра врвен Мундијал. Оправдано е горд на севкупниот перформанс на Македонија.

Со шесте гола против Катар, капитенот Филип Кузмановски повторно беше одличен на паркетот и по пет меча сè уште е стрелец број 1 на ова СП.

Има 41 гол со 71% реализација, зад него се Френкис Керол и Рутгер тен Велде со 40, Гидсел има 39.

По синоќешната победа беше среќен и горд, истакнувајќи ја пожртвуваноста која ја покажаа на ова Светско првенство.

„Ветив пред натпреварот дека одиме на победа и верував во сите соиграчи. Ова е награда за сите наши досегашни настапи, каде што се боревме до последната секунда, но немавме среќа. Денеска покажавме максимална пожртвуваност, горд сум на момците и на емоциите што ги носи оваа победа. Зад нас оставаме едно силно првенство, покажувајќи како се игра за Македонија. Како тим, се боревме еден за друг и докажавме единство, изгинавме еден за друг“, изјави капитенот Кузмановски.

Последниот меч за Македонија е и најтежок, бидејќи се среќава со гигантот Франција во сабота со почеток од 20:30 часот.

Кои се математиките на Македонија за сензационално четвртфинале?

Тајм аутот на Кире и бомбата на Фитиљ од 12-13 метри

Браво за Фитиљ, купил 40 карти за македонски навивачи

24 јануари 2025 - 09:14