Тајм аутот на Кире и бомбата на Фитиљ од 12-13 метри

Македонските ракометари ни го кренаа адреналинот на ова Светско првенство и изрежираа битки на нерви. Ремито со Австрија 29:29 го остварија на многу храбар и јуначки начин. Финишот беше луд, но и успешен после инструкциите на селектор, кој им нацрта акција која требаше да ја спроведат за 4 секунди.

Луда реми завршница со снајперски гол на Кузмановски со звукот на сирената

21 јануари 2025 - 17:36