Филип Талески неодамна во подкаст изјави дека не разговара со Филип Кузмановски. Капитенот на Пелистер за Пресинг вели дека не сака многу да навлегува во таквите приказни. „Нема никогаш да заборавам како ми помогна, како да дојдам од Битола во Скопје, да се наметнам во тој круг на играчи, на приjатели, на другарство. Едноставно, можеби конкуренциjата направи да дојде до ова меѓу нас. Јас немам никакви замерки“, вели Кузмановски.