Ракомет

ЕХФ ја помеша Србија во Чешка

Раул Гонзалес како селектор на Србија со пораз од 29:27 го стартуваше Европското првенство од неговата родна земја Шпанија. ЕХФ ги измеша брзините околу знамињата.

Ракометарите со партија фудбал се релаксираа во Хернинг

Бандата на Кире Лазаров ги врши последните подготовки пред настапот на деветтото Европско првенство. Стартуваме со мега противникот Данска во петок од 20:30 часот, а потоа следуваат Португалија (недела 18:00) и Романија (вторник 18:00). Пренос од средбите ќе има на МТВ. Срце на терен момци.

Првиот гол на Македонија на Европските првенства

Македонската ракометна репрезентација утревечер од 20:30 против Данска го стартува деветтиот настап на ЕП. Дебито се случи во Италија 1998 против Унгарија, а првиот гол го постигна прилепчанецот Томе Петрески. Да се потсетиме.

Кузмановски за односот со Талески

Филип Талески неодамна во подкаст изјави дека не разговара со Филип Кузмановски. Капитенот на Пелистер за Пресинг вели дека не сака многу да навлегува во таквите приказни. „Нема никогаш да заборавам како ми помогна, како да дојдам од Битола во Скопје, да се наметнам во тој круг на играчи, на приjатели, на другарство. Едноставно, можеби конкуренциjата направи да дојде до ова меѓу нас. Јас немам никакви замерки“, вели Кузмановски.

Тешко нас со Португалците, ја преслушале Шпанија на гости

Македонија брои ситно до новиот јануарски предизвик наречен Европско првенство. Противниците ни се ем тешки, ем играат во топ форма. Ќе биде потребен максимум од максимумот.

Топ 10 најмоќни репрезентации на ЕП 2026

Финалните подготовки се во тек. 24-те учесници на Европското ракометно првенство ги имаат последните тест натпревари, пред стартот закажан за 15 јануари во Данска, Шведска и Норвешка. Според резултатите, номинациите и очекувањата, ова е листата на 10 најсилни селекции според ЕХФ. Две од нив и се противници на Македонија.

Манасков го има голот на годината според ЕХФ

Европската куќа на ракометот го круниса ремек делото на Еурофарм Пелистер против Барселона, со признание за најдобар гол во Лига на шампиони за 2025-та. И заслужено, бидејќи ова што го изведе Дејан Манасков и тоа на голманска асистенција на Никола Митревски е нешто уникатно.

За ракометарите нема руска и прасе, ви честитаат од сала

Момците на Кире Лазаров се спремаат за предизвикот кој се вика Европско првенство. Битките од групната фаза се закажани за 16 јануари (Данска), 18-ти (Португалија) и 20-ти (Романија). За Нова година работат во Скопје, а од 8 до 10 јануари ќе бидат во Винтертур, каде ќе одиграат три натпревари против домашната селекција на Швајцарија, Бахреин и Украина. Среќна и на вас момци и срце на терен.

70 години Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион на спектакуларен начин ја одбележа 70 годишнината од своето постоење. Настанот помина во силно емотивна атмосфера, исполнета со видео пораки од сите краишта на светот, аплаузи за легендите и минута тишина за оние кои повеќе не се меѓу нас.

Николов и Начевски за дуелите со Лино и Вујо

Славе Николов и Ѓорги Начевски ја објаснуваат разликата меѓу двете тренерски легенди Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Велат искуствата со нив двајца се дијаметрално спротивни. Едниот агресивен, другиот дипломат.

ЕХФ ја претстави Македонија, во фокусот е Митев

„Млад талент ја предводи Македонија на нивното 8-мо учество по ред на ЕП. Можат ли да ја поминат групата Б против Данска, Португалија и Романија?“, стои во најавата на ЕХФ.

Набојот на дербито Пелистер - Вардар низ германски објектив

Го паметите Фин Ватчов така? Германецот кој ужива што живее во Македонија, зборува македонски и растура на социјални мрежи со видеа. Една од пасиите му е да пренесува атмосфера од натпревари и тоа го прави со голема жар. Најголемото ракометно дерби, го претставува како најлудо и најопасно во свет.

Триумф на Пелистер над Вардар за уште поинтересна сезона

Пред полна сала „Боро Чурлевски“ во Битола, домашниот Еурофарм Пелистер го совлада РК Вардар 1961 28-23 (13-10) во рамки на 15. коло од македонската Суперлига. Најефикасен и најдобар играч на мечот беше Србинот Богдан Радивојевиќ со 9 гола од 9 обиди. Блескаше и иранскиот голман кај зелено-белите Саид Хаидаридад со 12 одбрани а капитенот Филип Кузмановски постигна шест гола. Кај Вардарци Урош Митровиќ и Украинецот Хориха постигнаа по пет погодоци.

Проектилот на Фитиљ во топ 5 голови на колото

ЕХФ ја скоцка топ листата на 5 најатрактавни голови на колото во Лига на шампиони. На нејзе се најде и бомбата на Кузмановски од мечот против Загреб. Битолчанецот се најде во друштво на Расмусен од ГОГ Гудме, Луис Фраде од Барселона, Магнус Сондена од Колстад и Тим Хорнке од Магдебург.

Србинка задржуваше време во ракомет на Светско и поради нејзе не победија

Кога последен пат сте виделе некој да задржува време во ракомет, ама на ваков необјаснив начин? На Светското ракометно првенство, селекцијата на Србија остана без победа против Фарски Острови, поради кикс на Јована Јововиќ, на кој се изначуди и коментаторот. На 15 секунди до крај, при водство од +1, имаше зицер за да ја запечати победата со два гола предност. Но, таа од нејасни причини почна времето да го троши и скапо го плати цехот. Судиите со ВАР одлучија да и дадат црвен и да досудат седмерец за Фарски Острови кои дадоа гол за конечни 31:31.

Галевски во свој стил ја замолкна салата Боро Чурлевски

Еурофарм Пелистер прокоцка победа против Алкалоид во натпревар на кој имаше +7. Човек на одлука, младиот Иван Галевски кој повторно како лани во финалето од Купот на Македонија, излезе јунак со одбранет пенал во финишот од средбата. Прво ги издржа провокациите од Хосни, а потоа и му го фати ударот за конечни 26:26. И првиот дуел одигран во Автокоманда во септември заврши со реми, 33-33.

ЕХФ го величи Митревски со топ листа на одбрани

Еурофарм Пелистер го доживеа седмиот пораз во 9. коло од ЛШ. Магдебург беше подобар противник и си замина од Битола со триумф од 26-31, но си имаше мака со феноменалниот Никола Митревски кој запиша 11 интервенции. ЕХФ му издвои топ 4.

И Митревски еднаш да направи кикс

Еурофарм Пелистер с соочи со тежок пораз на гостувањето кај ПИК Сегед со 35:20, во натпревар од 8. коло во ЛШ и останува на седмото место на табела со 4 бодови. Несвојствена грешка на Никола Митревски во 50 минута, кој им подари гол на домаќините.

Последните 30 секунди за фешта во ракометна Битола

Еурофарм Пелистер слави голема победа против ПИК Сегед во 7. коло од Лига на шампиони, после голема неизвесност која беше решена во драматичен крај.

Драмата на дуелот Кристијанштад - Вардар во последните секунди

Двократниот европски првак Вардар игра супер сезона, па освен во домашното првенство нижеше победи и во ЕХФ Европската лига. Но синоќа го претрпе првиот пораз после 3 кола, во шведскиот Кристијанштад. Вардарци постојано беа во негатива, бркаа резултат и во последните неколку минути дури и преминаа во водство.

Талески: Не разговарам со Кузмановски, а Лазаров не би го поздравил на улица

Поранешниот играч на Вардар и македонската репрезентација, Филип Талески се отвори во подкатстот „Вистина или не“ на Канал 77. Одговори директно и отворено за неговиот однос со селекторот на Македонија и неговиот порашенен соиграч и имењак.

Вујо за посебната поврзаност со Вардар и Комити

Веселин Вујовиќ во три наврати го водеше Вардар: 2006-2009, 2011-2013 и 2021-ва. Освои 3 домашни титули, 3 Купа и СЕХА лига. Но, тој во Скопје остави многу поголем белег од трофеите и створи неверојатна конекција со навивачите. Во подкастот Пресинг зборува на многу теми, меѓу кои неизбежна е темата Вардар.

РФМ ги избра најдобрите, постхумно награден Илија Темелковски

Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите на годината. За најдобар ракометар е прогласен Филип Кузмановски.

Знаете ли некој друг вака да додава во НБА?

Зошто за Јокиќ велат дека игра со мозок? Па уште пред да дојде топката до него, знаеше кај да ја додаде. Забележете го добро како скенираше кој има напред, додека противничкиот играч шутираше тројка. А потоа се знае, рагби пас, во негов стил.