Голот на Манасков и одбраната на Иранецот за реми против ПСЖ и делириум во Битола

Пелистер јуначки одигра 34-34 против големиот, богат и моќен Пари Сен Жермен во Битола. Во култната сала „Боро Чурлески“ Дејан Манасков постигна прекрасен гол од контра во последните секунди за конечен нерешен резултат. Претходно гостите од Париз имаа напад за победа но иранскиот голман Хеидарирад одбрани зицер и спаси историски бод против фаворитот.

Сепак главен јунак на мечот беше капитенот Филип Кузмановски кој играше под температура но постигна неверојатни 10 погодоци против францускиот гигант ПСЖ. Ова беше последен натпревар на домашен терен во Лига на шампиони за Еурофарм Пелистер кој се простува од Европа во последното коло против Барселона на гости.

 

5 март 2026 - 10:11