Фантастична игра на Вардар, падна Бенфика, осминафинале гарантирано

Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа Бенфика 33-27 (15-14), ја надоместија негативата од првиот дуел меѓу двата тима и после три кола осигураа пласман најмалку во осминафинале на Европската лига на ЕХФ. Црвено-црните пред околу 3.000 гледачи славеа благодарение на одличната игра во напад и во одбрана.

Јака Малус беше прв стрелец со 9 гола, 8 даде Србинот Вукашин Воркапиќ кој скоро дојде од Војводина. Милош Валах запиша шест одбрани.

Standings provided by Sofascore
4 март 2026 - 09:14