Со убедливиот триумф над германскиот бундеслигаш Меслунген на гости, црвено-црните обезбедија четвртфинале. Ќе играат два натпревари, дома-гости, со реваншот во Скопје пред своја публика.
Ќе играат против подобриот од двомечот меѓу француски Монпеље и норвешки Елверум. Норвежаните завршија на второ место во својата група во групната фаза иако имаа исто бодови со Порто (но имаа победа со два и пораз со четири гола од португалскиот претставник). Францускиот клуб против кого Вардар 1961 има неколку меѓусебни средби, во групната фаза заврши трет зад Кил и Фленсбург.
Скопскиот состав во четвртфиналето ќе игра со подобриот од двомечот Монппеље – Елверум. Тој двомеч ќе се игра на 31 март и 7 април.
Вардар четвртфиналето ќе го стартува на гости кај Монпеље или Елверум на 28 април, а на 5 мај во „Јане Сандански“ е предвиден реваншот.
Фајнал Форот на Европската лига на ЕХФ се игра на 30-ти и 31-ви мај во германскиот град Хамбург.
