Ракометарите на Вардар ја крунисаа фантастичната сезона, па после освоениот Куп на Македонија, пласманот во четвртфинале во ЕХФ Купот, сега ја обезбедија и титулата која се враќа во Скопје.
Пелистерци први поведоа на дербито преку Дејан Манасков од крило но Вардар носен од домашните навивачи брзо направи серија 3-0. На секое резултатско одлепување на Вардар Битолчани имаа одговор во првите 20-ина минути од првиот дел но црвено-црните набрзо преку Митровиќ, Тузолана и Малус отидоа на +5 (14-9).

До крајот од првиот дел Вардарци кои само 24 часа претходно играа исцрпувачки реванш со француски Монпеље на кој победија но не ја стигнаа огромната негатива од -10 гола.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер прикажа очајна игра за што подолго време е на удар на навивачите кои не се задоволни од резултатите, од играчите и од управата.
Вардар од 29-та минута до 40-та минута го развалија ривалот со серија 5-0 и брзо отидоа на 22-13, разлика која го најави исходот на средбата и новиот шампион на Македонија.Цели дваесетина минути Пелистерци имаа само два постигнати гола.

На крајот конечни 34-19 (18-12) за Вардар чии навивачи еуфорично ја славеа шампионската титула.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Урош Митровиќ со осум гола, следеше Јака Малус со шест погодоци, а голманите Гогов и Валах запишаа по седум одбрани. Кај гостите од Битола Радивојевиќ и капитенот Кузмановски постигнаа по 5 гола а Никола Митревски имаше осум одбрани.





