Чупиќ им се извини на играчите на тајм аут

Вардар беше немоќен против Висла која од почеток до крај имаше водство во Јане Сандански и на крај го доби мечот со 6 гола разлика. Иван Чупиќ џентлменски ја презеде одговорноста за поразот и им се извини на ракометарите за погрешната тактика 7 на 6.

И на прес и на тајм аут ја призна грешката за тактиката која ја поставил.

„Лошо го отворивме натпреварот, пред се напаѓачки знаевме дека ќе ни биде тешко. Се подготвуваме и со седум на шест и со четири бека, многу внимание трошевме на ротација. И во прво и второ полувреме кога нападот беше океј, но моја грешка беше што отворивме со човек повеќе и примивме неколку лесни голови без голман. Сакав да изненадам со таа игра, да ги искористиме неколкуте напади додека не се адаптираат, ама не успеавме“, изјави хрватскиот стратег после мечот.

Ова не се купува со пари

9 октомври 2026 - 08:41