Таг: иван чупиќ

Златниот гол по кој Скопје и Македонија ќе го паметат Иван Чупиќ

Легендарното хрватско крило по крајот на оваа сезона заминува во пензија на 38 години. Најубавите спомени од кариерата му се врзани за Вардар со кој освои вкупно 15 трофеи за 5 години од кои две европски титули. Датумот 4 јуни 2017-та нема никогаш да му се избрише од меморија. На финалето против ПСЖ во Келн при резултат 23:23, останаа уште 7 секунди до крај. Чупиќ ја прими и испиша нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто.

ЕХФ потсети на епскиот гол на Чупиќ за Вардар

Без разлика што се поминати четири години, кога ЕХФ треба да објави историско видео парче од својата архива, не го заборава историскиот успех за македонскиот ракомет. Каков момент беше ова. Скопје експлодираше од возбуда.

Чупиќ пак експлодираше од нервоза на тајм аут

Тешко се носеа Вардарци вечерва против лидерот на табелата Кјелце од кој загубија 4 гола разлика, а еден од најискусните, Иван Чупиќ повторно го прекинуваше тренерот Алушевски со конкретни критики, овој пат упатени до бековите на кои им се обрати со: Ќе шутне ли некој високо горе? Пи*ки едни, само долу шутирате.

Нова добра партија на Вардар, за жал победата избега во последна секунда

Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.

Ама му се сипа Чупиќ на Стефче

По серија од три трофеи во низа и вкупно пет од девет одржани изданија, ракометарите на Вардар загубија од Веспрем во финалето на СЕХА лигата. Поразот беше висок 35:27, а Иван Чупиќ незадоволен од изданието на своите колеги за што пцуеше и викаше да одат во соблекувална.

Чупиќ е Вардарец, нема каде да се враќа, дома е

Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.

Барселона го надигра Вардар, прв пораз во Скопје за црвено-црните

Македонскиот шампион првпат сезонава со спуштени глави го напушти паркетот на домашен терен. Барселона беше многу подобра 26-30. По оваа победа, Барселона е прва во групата со 12 бодови, следуваат Вардар, Рајн-Некар и Виве Кјелце со по 10.

Не е лошо да се потсетиме

Семафорот брои 29:53 или само 7 секунди до крај, а резултатот 23:23 и напад за Вардар. Тргнуваат од центар и испишуваат нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тоа се тие епски и безвременски мигови од ланското финале во Келн. 4 јуни 2017-та. Со златни букви.